• Fri. Nov 22nd, 2024

Се идентификуваат жртвите од автобуската несреќа

Се идентификуваат жртвите од автобуската несреќа. Министерот за надворешни работи Бујар Османи од пред болницата „Пирогов“ во Бугарија каде се сместени преживеаните од сообраќајната несреќа, изјави дека денеска, но најверојатно и утре ќе остане во Софија за да ја олесни комуникацијата меѓу преживеаните и жртвите со нивните семејства.

„Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија, за побрза идентификација на телата“, ијзави Османи.

„Мислам дека институциите во Бугарија истрагата ја имаат започнато. Тука се и нашите експерти доколку треба да помогнат, експертите по судска медицина се веќе, овде и очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификацијата, важно е процесот да се заврши побрзо за да можат останките да се пренесат во Скопје“, дополни министерот за надворешни работи.

Тој во изјава за бугарски медиуми потенцираше дека е важно семејствата да бидат информирани, со цел брзо завршување на процесот за останките да бидат пренесени во Скопје.

Објасни дека денеска, но најверојатно и утре ќе остане во Софија за да ја олесни комуникацијата меѓу преживеаните и жртвите со нивните семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *