• Fri. Nov 22nd, 2024

Се гради пешачката патека кон границата во Дојран

Започна реализацијата на проектот за изградба на пешачка патека, паркинг простор и потпорни ѕидови спрема ГП Дојран во должина од 1.285м, а истите ќе се изведуваат паралелно патниот правец R-1105.Со изградба на пешачка патека и паркинг просторот кон граничниот премин Дојран, ќе се уреди и овој дел од градот, а со тоа ќе стане попривлечно место за туристите од Југоисточниот плански регион, како и за туристите од цела држава и пошироко. Заедно со помош на Југоисточен плански регион продолжуваме да го возобновуваме и уредуваме нашиот туристички центар. Проектот е финансиран преку Југоисточен плански регион и кофинансирање од Општина Дојран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *