• Fri. Nov 22nd, 2024

Вработени од Завод и Музеј Струмица во посета на Петрич – се договара соработка

Вработените во Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица вчера беа во посета на Историскиот музеј во Петрич, Бугарија, каде тимовите од двете страни споделиле и размениле искуства и идеи и разговарале за можностите за соработка во новиот програмски период и идните европски проекти кои ќе ги развиваат и реализираат заедно.

Ова го соопштија од струмичкиот Завод и Музеј, споделувајќи ја заедничката објава на двете установи.

Како што се наведува во објавата, гостите од Струмица ги разгледале новите изложбени и работни простори на Музејот Петрич. Детално биле информирани за успешно реализираниот проект за трансформација на старите бараки во градот во новиот социјален и културен центар Петрич, како и со работата на тимот на презентирање на артефактите и нивното културно наследство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *