• Fri. Nov 22nd, 2024

Се дигитализираат над 150 услуги

Уверение за државјанство во електронска форма наскоро ќе можат да добиваат граѓаните на Македонија. Целта на новината која се воведува е до крајот на 2023 година да се дигитализира над 150 услуги кои ќе бидат достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk.

Ова го ветија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатично општество Азир Алиу на денешниот настан во просториите на „Една Точка за Услуги” – проект на Министерството за информатичко општество и администрација, каде што се соединуваат сите државни институции со цел поедноставување на пристапот на граѓаните до институциите и услугите кои ги нудат.Како што изјави министерот Спасовски, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.

Цената на чинење изнесува 150 денари (100 денари административна такса и 50 денари за образец) и истата може да се плати електронски во моментот на поднесување на барање за Уверението за државјанство во електронска форма.

Обрасците за уверение за државјанство број 4  ( македонски јазик) и 4а ( македонски и албански јазик) се заменети со нови обрасци, избришан е податокот за живеалиште заради целосно усогласување со процесот на дигитализација.

Во просториите на Една Точка За Услуги само во 2022 година се издадени 4.000 предмети од шалтерот на МВР, а годинава заклучно со 1 мај издадени се 600 предмети. Предметите опфаќаат Уверение за државјанство, потврда за последен адресен податок (потврдите барани од Катастар на недвижности), потврда која служи во социјално за прво родено дете, како и за второ и трето дете, понатаму потврда за непоседување на моторно возило, како и многу други потреби. Сите документи кои се издаваат на шалтерот на МВР се издаваат веднаш.