• Sat. Nov 23rd, 2024

Се чисти отворениот канал во Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес, на терен направи увид во активноста на чистење на отворениот  трапезен канал во населеното место Василево, кој се протега покрај улицата во близина на училиштето.

„Конечно после долг период се чисти овој канал. Чистењето е по претходни средби со граѓаните од овој дел на на селеното место Василево. Се отстранува вегетацијата,  наносите од кал и останатиот  друг отпад со што му се враќа функционалноста на каналот, односно прибирање и канализирање на водите и заштита на  околните дворови и улицата во случај на обилни врнежи. Грижата за животната средина е континуирана, а ваквите активности ќе се спроведуваат секаде каде за тоа има потреба “, е ставот на градоначалникот Андонов во врска со оваа и сличните вакви активности реализирани во претходниот период и оние кои ќе следуваат во иднина.

Активностите на терен ги спроведува компанијата Бони Интерградба, со која општина Василево, по успешно спроведената Јавна набавка, има потпишано Договор за реализација  на вакви активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *