Општина Василево и ЈПКД „Турија“, по повод верскиот празник Богојавление – Водици се вклучија во подготовките за традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води.
ЈПКД „Турија“, со механизација врши чистење и уредување на речното корито во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци, каде на 19.01.2023 година црковните лица ќе извршат осветување на водите и фрлање на светиот крст.
Општина Василево традиционално во знак на поддршка, најуспешните учесници, оние кои ќе успеат да го извадат крстот од водите, финансиски ќе ги награди. „Сплотени околу традицијата, за општо добро на сите граѓани, продолжуваме да ги негуваме и во пракса да делуваме во согласност со христијанските вредности“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во врска со поддршката и активностите кои се преземаат во врска со одбележувањето на Богојавление – Водици.