• Fri. Nov 22nd, 2024

Се бетонираат улици во Гевгелија

Се бетонираат улици во Гевгелија соопшти општината на својата веб страница. Оттаму појаснуваат дека станува збор за пролетно бетонирање улични краци.

Акцијата за бетонирање се изведува согласно Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија за 2022 година. Во Богородица се бетонирани краци и тоа од две истоимени улици „Гоце Делчев“. Според планот за работа, акцијата ќе продолжи и во останатите населени места. Годинава, за изведувач на градежните работи за бетонирање е избрана фирмата „Пелагонија Тириц“, која на јавниот повик даде најповолна понуда.           Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со акцијата за бетонирање ќе бидат опфатени повеќе помали улици и краци во повеќе населени места. Целта е на граѓаните да им се обезбедат соодветни услови кои ќе го подобрат нормалното функционирање во секојдневниот живот, истакна Сарамандов. Паралелно со пролетната акција за бетонирање, во тек е санацијата на оштетените улици во општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *