• Fri. Nov 22nd, 2024

Се бараат уште попишувачи и инструктори за 7 општини од Југоистокот

By

Mar 6, 2021
popisuvaci

Се бараат уште попишувачи и инструктори за 7 општини од Југоистокот

Државниот завод за статистика бара уште попишувачи и инструктори за пописните реони во Југоистокот имајки во предвид дека по објвениот февруарски конкурс местата не се пополнети. Конкурсот објавен завчера трае до недела а попишувачи и инстурктори се бараат за 4 пописни региони во Југоистокот  и тоа за пописниот реон на Струмица кој ја опфаќа и општина Василево, за пописниот реон Гевгелија кој ја опфаќа и општина Дојран, за општина Валандово и за попсиниот реон Ново Село кој ја опфаќа и општина Босилово. Во дополнителниот конкурс е објавено дека кандидатите кои се јавиле на првиот конкурс не треба да се пријавуваат. По првиот конкурс единствено се пополнети местата за попишувачи и инстурктори за пописниот реон Радовиш кој ја опфаќа и општина Конче но и за општина Богданци.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *