• Fri. Nov 22nd, 2024

Се асфалтира улицата „Крушевска Република“

Денес, градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во почетните градежни работи од реконструкцијата на ул. „Крушевска Република“, кои започнаа денес.

Станува збор за асфалтирање на левата страна од улицата, како дел од целосната реконструкција на двете коловозни ленти покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до „Момин бунар“, во должина од 583 метри.

Во првата фаза од работите се поставува првиот слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри, по што ќе следува поставување и на втор слој од 4 сантиметри. Реконструкцијата ги опфаќа и тротоарните површини, како и изведба на ново атмосферско одводнување.

За вториот дел од „Крушевска Република“ дополнително ќе се одлучува дали и кога би почнала реконструкција на тој дел од отворениот канал.