Актуелните градоначалници на општините Богданци, Блажо Шапов и на Дојран, Анго Ангов најавуваат победа во нивните општини во првиот круг на локалните избори.
Според Анго Ангов, победата во Дојран е убедлива, со разлика од повеќе од 300 гласови. Победа објави и Шапов, кој се заблагодари на сограѓаните за укажаната доверба.
Неофицијално и актуелниот градоначалник на Валандово е во предност пред својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Перо Костадинов на својот фејсбук профил напиша: Валандово, те сакам!