Полуматурантите на ООУ,,Сандо Масев” наместо полуматурска забава организираа еко акција, информираат од училиштето.
-Секоја паралелка засади зимзелено дрво во училишниот двор оставајќи белег и вредност на општествено одговорни луѓе, велат во псимената информација од ООУ.
-Бидете свои, продолжете и понатаму да чекорите по патот на успехот тоа Ви е единствена можност да бидете најдобра верзија од себе, рече директорката Драгица Спасова по прогласувањето на најуспешните ученици од оваа генерација.