• Fri. Nov 22nd, 2024

Самостојна изложба на Кристина Зимбакова на универзитетот Аристотел во Солун

Ликовната изложба се одржува во рамките на меѓународниот Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантицизмот“ и ја сочинуваат слики поттикнати од творештвото и писмата на Плат – клучна американска поетеса на дваесеттиот век. Делата се создадени во последниве години, во комбинирана техника на платно и на хартија од габи рачно изработена од авторката. Куратор на поставката и организатор на настанот е проф. Емили Вандајн од САД, која е Фулбрајт гостувачки професор на Универзитетот „Аристотел“. 


Во творештвото на Кристина Зимбакова се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки. Делата се симболични и фигуративни,  а габите и лишаите се најкарактеристичен медиум. Изложувала во Македонија, Европа и во САД, а од самостојните  изложби се издвојуваат следниве: Галерија „Расклон“, планина Родопи, Бугарија (2020): врв Сечена Скала (1.740 м н.в.), планина Беласица (2019); Универзитет „Алстер“, Белфаст, С. Ирска (2017); Научен собир на Европскиот совет за зачувување на габите, Охрид (2017).  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *