• Fri. Nov 22nd, 2024

Самит ЕУ – Западен Балкан

Во пресрет на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан во Брисел, неколку претставници на граѓанското општество од регионот упатија апел до владите на земјите од ЕУ, како и до САД и НАТО, дека приклучувањето на Западен Балкан е геополитичка и геостратешка неизбежност со оглед на постојаните претензии на Русија за дестабилизирање на тој дел од европски континент, пренесуваат медиумите во регионот.

Иако претходно најавија бојкот на самитот, лидерите на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе присуствуваат на самитот за да разговараат за напредокот на нивните земји кон европската интеграција, пишува Ал Џезира.

Лидерите на шесте земји од регионот на Западен Балкан се поканети на средба со лидерите на Европскиот совет на која ќе се разговара за проширувањето на Унијата.

„Ќе присуствуваме на состанокот на Европскиот совет“, напиша во средата албанскиот премиер Еди Рама на Твитер.

Рама рече дека Западен Балкан сака да слушне како Бугарија, членка на Европската Унија која го блокира проширувањето на Унијата кон Северна Македонија и Албанија, бара отстапки од Северна Македонија за „заедничката историја“, македонскиот јазик и македонското национално идентитет, потсетува медиумот.

Бугарија ги „киднапира“ земјите од Западен Балкан и го „уништува“ духот на Европа, напиша Рама.

Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува непосредно пред одвоениот самит на европските лидери на кој ќе се разговара за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија.

Во писмото до лидерите на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги повика да дадат нов поттик на процесот на проширување и да ја подобрат „интеграцијата на нашите партнери од Западен Балкан“, пренесува медиумот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *