• Fri. Nov 22nd, 2024

Шахпаска на меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“

Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на меѓународната конференција  „Жените во надворешната политика“, организиран од страна на Министерството за надворешни работи.

Во своето обраќање на тема „Ковид 19 и неговото економско влијание врз жените“, рече дека и покрај светската здравствено- економска криза, Министерството за труд и социјална политика донесе два клучни закони, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување  и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

„Изминатава година и пол нашето општество, а верувам и целиот свет се увери колку жените на своите плеќи, секоја во различен сектор, го понесе товарот од здравствената и економската криза. Фактот дека 74 проценти од здравствените работници се жени говори за нивното присуство во првите борбени редови во справување со пандемијата. 

Во градинките, во образованието, во трговијата, каде доминантно се вработени жени се покажа нивната храброст и упорност. Дадоа се од себе и не дозволија здравството да потклекне, образованието да застане, децата да не бидат згрижени, продавниците да  бидат затворени“, рече Шахпаска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *