• Thu. Nov 21st, 2024

Новус со саем во Струмица за да ги спои младите невработени и бизнисмените

Неформален саем за вработување организираше Центарот за анализи Новус од Струмица кој на едно место собра бизнисмени но и млади невработени.

Преку панел дискусии но и презентација на своите бизниси, фирмите ги изложија своите потреби од работна рака и ги детектираа проблемите околу вработување на млад кадар.

Младите не сакаа јавно да зборуваат пред камера. Тврдат дека не се доволно мотивирани директно да се вклучат во производствениот процес. Најголем проблем за нив се платите. Според Новус во земајва 55 одсто од младите до 29 години се невработени и на овој проблем треба да се работи.

Во струмичкиот регион заклучно до септмевир се водат 4 813 невработени од кои до 29 години според статистиката на Агенцијата за вработување има 1083 лица што е 22 % од вкупниот број на невработени во струмичко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *