• Fri. Nov 22nd, 2024

САД воведоа нови санкции кон Русија

Соединетите Американски Држави најавија нови санкции против Русија за време на состанокот на лидерите на Г7 преку видео повик со украинскиот претседател, Володомир Зеленски.

САД воведоа санкции против три руски телевизиски станици, им забранија на Американците да даваат сметководствени и консултантски услуги на Русите и ги санкционираа раководителите на „Газпромбанк“ – третата по големина руска банка. Ова се први санкции досега против банката која го опслужуваше рускиот гасен гигант.

Соединетите Држави и нивните сојузници досега избегнуваа да воведат санкции за „Газпромбанк“ поради страв дека тоа може да доведе до недостиг на гас за клиентите од ЕУ, бидејќи поголемиот дел од Европа купува руски гас преку оваа банка.

Висок функционер на Белата куќа рече дека потегот не е целосна блокада, туку дека има за цел да сигнализира дека „Газпромбанк“ не е безбедно засолниште.

„Ова е веќе неуспех за Путин и ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на храбрите борби на украинскиот народ и да го слушаме претседателот Зеленски“, изјави висок претставник на Белата куќа за новинарите пред состанокот на Г7.

Новите санкции, исто така, ќе наметнат нови извозни контроли против рускиот индустриски сектор, а вклучуваат и приближно 2.600 визни ограничувања за руските и белоруските службеници. Белата куќа, исто така, соопшти дека Комисијата за нуклеарна регулација ќе ги суспендира дозволите за извоз на специјален нуклеарен материјал во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *