• Mon. Nov 25th, 2024

Русија им забрани влез на јапонските премиери и министри

Русија им забрани влез на јапонските премиери и министри.

Москва оценува дека администрацијата на Кишида започнала невидена антируска кампања и дека дозволува неприфатлива реторика против Русија, вклучувајќи, како што се наведува, клевети и директни закани, пренесува „Танјуг“.

Русија денеска го забрани влезот на јапонскиот премиер, како и на министрите за надворешни работи, одбрана, финансии и правда.

Санкционирани се вкупно 63 јапонски државјани, а списокот е објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *