• Fri. Nov 22nd, 2024

Rolls-Royce нема да произведува нов SUV модел

Rolls-Royce неодамна го претстави своето прво теренско возило Cullinan.

Овој модел ги надмина нивните очекувања, но сепак за англискиот произведувач ова не беше знак да се започне нов проект.

Се шпекулираше дека постои шанса да пристигне некој помал SUV, но директорот Милер-Отвос ги отфрли овие шпекулации, истакнувајќи дека моментално не постои побарувачка помеѓу „ултра-богатите“ клиенти.

Сепак, директорот на Rolss-Royce истакна дека овој произведувач ќе продолжи да ги следи новите трендови и дека никогаш ништо не се знае.

Во меѓувреме, конкуренцијата во класата на SUV модели е се поголема, откако Bentley најави купе верзија на Bentayga, а следната година ќе пристигне и првото теренско возило на Aston Martin.

„Тоа е само скица. Не можам ништо да кажам за тоа. Cullinan е реалност“, коментираше Милер-Отвос.

извор:www.kajgana.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *