Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Цената за ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, односно 95,5 денари, додека пак ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 98,0 денари.
Дизел горивото се намалува за 2 денари и ќе изнесува 94,0 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло и мазутот останува иста односно ќе се продава за 94,5 денари, и 52,8 денари.