Екипата на РК ,,Астраион” од Струмица влезе во втората фаза од подготовките за прволигашкиот шампионат кој ќе стартува на 16 септември. Како што е познато годинава во земјава ќе има две Први лига а струмичките ракометни надежи се најдоа во Прва лига-група 2 каде се и тимовите на Ѓорче Петров, Куманово, Металург јуниор, Младост 09 од Богданци, Вардар од Неготино, Ринија и Текстилец од Штип
Во Бугарија ќе престојуваат една недела каде треба да се подобри физичката подготвеност но и да се разработат одредени тактики. Според информациите што доаѓаат струмичани веќе почнаа да ги одработуваат тренинзите со цел подготвени да го стартуваат прволигашкито шампионат
Подговките за новата сезона ќе продолжат и во Струмица при што се предвидени повеќе пријателски натпревари. Прволигашкото крштевање младите од ,,Астрион” ќе го имаат на 16 септември и тоа во Скопје како гости на Ѓорче Петров. Гости ќе бидат и во второто коло на штипски текстилец а прволигашка премиера на свој терен ќе имат на 29 или 30 септември против Ринија
Екипата на Астраион ќе биде најмладиот состав во Првата лига и за разлика од другите клубови кои се засилија со по неколку ракометари, астраионци излегуваат со сопствената школа само струмички деца кои беа во фокусот на вниманието во кадетскиот и јуниорскиот ракометен шампионат на Македонија во последните две сезони….