Струмица ќе биде домаќин на нов музички спектакал .Станува збор за музички фестивал за млади таленти во кој ќе се одржуваат аудиции во неколку општини од Македонија.Проектот „Ритамот на Европа“ ќе се одржува за прв пат во државава, а веќе неколку години функционира во повеќе европски земји.
Целта на овој музички проект е да е се даде подршка на младите таленти,вели организаторот Давид Макиќевиќ.
На фестивалот присутни ќе бидат корегорафи,вокалисти,асистенти,кои ќе помагаат на младите таленти.На овој музички фестивал возрасната граница за пријавување е од 14 до 21 година.