• Fri. Nov 22nd, 2024

Рекордна инфлација во Германија

Зголемувањето на цените на енергијата поради украинската криза значително ги зголеми трошоците за живот во Германија, која се соочува со рекордна инфлација.

Инфлацијата достигна 7,3 отсто во март, што е највисоко ниво од 1981 година, објави германскиот Завод за статистика. „Така, инфлацијата во март достигна ново рекордно ниво, кое не е забележано од обединувањето на Германија“, се вели во соопштението.

Последен пат слична инфлација беше забележана есента 1981 година како резултат на Заливската војна кога цените на нафтата скокнаа поради војната меѓу Ирак и Иран. Цените на енергијата во Германија во март пораснале 39,5 отсто. Најголем раст од дури 144 отсто во однос на лани забележа цената на нафтата за греење. Горивото скокна 47,4 отсто, а гасот 41,8 отсто.

„Покрај пандемијата, војната во Украина значително влијае и на поскапувањето во Германија, особено на горивото и гасот, но и на одредени прехранбени производи“, истакна претседателот на Заводот за статистика, Георг Тил.

Во март Германците мораа да сметаат на трошоците за храна за речиси 6,2 отсто. Поради повисоките трошоци, многу компании најавуваат поскапувања во следните три месеци, што дополнително ќе ја зголеми инфлацијата.

Економскиот институт „Ифо“ од Минхен проценува дека инфлацијата во Германија годинава ќе изнесува 6,1 отсто, а предвидуваат и двоцифрени стапки за наредните месеци доколку има ембарго за увоз на руска енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *