Шест училишни објекти во општините Струмица, Богданци, Гевгелија, Василево и Конче ќе се реконстурираат со пари од Министерството за образование. Министерството објави дека ќе финансира реконструкција на две училишни згради на ООУ ,,Сандо Масев” во Струмица и тоа подрачните во населените места Баница и Добрејци. Во општина Богданци ќе се врши реконструкција на кров на ОУ ,,Петар Мусев” во Богданци. Прифатен е проектот и на општина Гевгелија за реконструкција на дел од кров и дел од громобранска инсталација во школото ОУ ,,Ристо Шуклев” во населеното место Негорци. Средства се одобрени и за општина Василево која до Министерството за образование достави проект за целосна реконструкција на ОУ ,,Гоце Делчев” во Василево но и проектот на општина Конче за реконструкција подрачното училиште ,, Гоце Делчев”во населеното место Горни Липовиќ во ова општина
Според предвидената динамика идниот месец се очекува да бидат распишани тендерите за реконстуркција на училиштата од страна на министерството за образование и наука а до крајот на пролетта доколку се изберат економски оператори да почнат градежните работи на терен.