Двесте и осум ученици од основното училиште Сандо Масев во село Баница добија нови простории за настава. Целосно е променет ликот на ова училиште, што многу ги радува децата, но и родителите. Велат дека училиштето сега е пријатно место за учење.
Реконструкцијата на училиштето во Баница следува по онаа на подрачното училиште во Добрејци. Директорката вели дека решиле голем проблем бидејќи зградите биле дотраени и имало потреба од сериозни зафати.
Реконструкцијата на училиштето Сандо Масев во Баница чинеше 9 милиони денари. Парите се обезбедени од општина Струмица и Министерството за образование и наука.
Училиштето во баница е деветолетка. Бидејќи е подрачно училиште на училиштето Сандо Масев во Струмица, дел од учениците доколку сакаат, наставата да ја посетуваат и во Струмица.