• Sat. Nov 23rd, 2024

Реконструирано училиштето во Добрејци

Учениците и вработените во подрачното училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци од денеска наставата ја изведуваат во комплетно реконструирано училиште. Ова значи дека е решен повеќегодишен проблем и од објект со лоши услови, имаме прекрасен училишен објект, каков што заслужуваат дечињата од селото Добрејци, објави градоначалникот Костадинов на неговиот Фејсбук профил.

-Со реконструкцијата којашто започна во септември минатата година извршено е комплетно отстранување на малтерот од надворешната и внатрешната страна на објектот, оштетениот таван се замени со нов плафон, замена на подната облога, нова инсталација за затоплување, комплетна реконструкција на санитарниот јазол, решавање на проблемот со влага и обезбедување на пристап на лица со посебни потреби. Реконструкцијата на училиштето е во вредност од 6.745.949 денари добиени со аплицирање од страна на училиштето до Секторот за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука на јавен повик со целосно разработен елаборат со комплетна техничка документација и со урбанистичка дозвола, вели Градоначалникот.

Во ова училиште се изведува настава од прво до петто одделение за 55 ученици. Од Општина Струмица велат дека во соработка со Министерството за образование и понатаму ќе продолжат да ги подобруваат условите за изведување на воспитно – образовниот процес во општинските основни и средни училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *