• Fri. Nov 22nd, 2024

Редици колони на Богородица за Денот на независноста

Долги колони чекаат за излез од државата на граничниот премин Богородица. Илјадици возила се упатија кон соседна Грција на Денот на независноста. Пограничните служби на преминот Богородица велат дека го очекувале овој бран па отворени се сите рампи за да не се создава гужва.  Според нив за излез од Македонија се чека во просек 15 минути. Граничната полиција вели дека нема подолги чекања и на грчката страна на границата, кај преминот Евзони.

Слична е ситуацијата и на преминот Дојран-Дојрани каде за излез од Македонија се чека десетина минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *