Речиси готова салата за масовна вакцинација во Струмица. Од 15 мај Струмица ќе добие свој регионален центар. Од Здравствен дом информираат дека денеска добиле уште 300 вакцини од Синофарм за вакцинирање утре и во петок на граѓани над 60 годишна возраст.
„ЈЗУ ”Здравствен Дом” Струмица, заедно со Општина Струмица и ЈЗУ “Општа Болница” – Струмица работи интензивно на подготовка на сала наменета за регионален вакцинален пункт за масовна вакцинација против Ковид-19 на населението, која ќе започне со работа официјално на 15.05.2021г..Апелираме до Вас граѓаните, пријавувајте се на vakcinacija.mk за да може да добиете термин, со тоа да постигнеме побрзо колективен имунитет и да се избориме со невидливиот непријател. Колку повеќе се пријавувате и вакцинирате, толку побрзо опаѓа старосната граница.Во ЈЗУ “Здравствен Дом” – Струмица , сите лекари и сестри од пунктот за вакцинација, работат интензивно во интерес на граѓаните, со тоа што сите оние кои се тешко подвижни нека се јават на тел.бр. 075/ 495 -754 и со мобилна екипа ќе бидат вакцинирани во домашни услови“, велат од здравствен дом.