• Fri. Nov 22nd, 2024

Рециклирањето е еден процент од вкупниот отпад

отпад, рециклирање депонии

Рециклирањето е еден процент од вкупниот отпад. Ова се податоците на Државниот завод за ревизија.

Во Македонија не е воспоставен интегриран систем за управување со пластичниот отпад. Поради тоа активностите што се преземаат во таа дејност не влијаат на намалување на количеството на создаден пластичен отпад. Со тоа не се обезбедува одржлив развој, преку негова преработка. Не се воспоставени функционална селекција и повратен прием на пластичниот отпад. Тоа се основни предуслови за негова преработка. Собраната количина пластичен отпад во државата е мала, а истиот најчесто завршува на депониите.

Ова е заклучокот од извршената ревизија на тема „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“. Целта е да се даде  одговор: „Дали со пластичниот отпад се управува на начин кој овозможува негово намалување и постигнување на поставените цели?“.

Ревизијата е спроведена согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година, а го опфаќа периодот 2017 – 2019 година. Иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2017 година и последователно до денот на известување.

Фрапантен е податокот дека рециклирањето е еден процент од вкупниот отпад. Од Државниот завод за ревизија наведуваат дека во системот за управување со пластичен отпад вклучени се повеќе институции. Тука се Министерството за животна средина и просторно планирање, – Управата за животна средина, единиците на локална самоуправа, Регионални центри за управување со отпад,  јавни претпријатија, правни и физички лица основани за вршење на комунални дејности, индивидуални собирачи на отпад, преработувачи на отпад, правни лица за постапување со отпад од пакување, како и Државниот инспекторат за животна средина и други институции.

Што предвидува законската регулатива

Законската регулатива предвидува да се донесат голем број стратешки, плански и програмски документи на централно, локално и регионално ниво. Особено, затоа што рециклирањето е еден процент од вкупниот отпад за кои ревизорите констатираа дека дел од нив не се донесени или пак се со изминат рок. Сето тоа, според ревизорите, упатува на недоследности при воспоставувањето интегриран систем за управување со отпад. Исто така, констатира дека иако се отпочнати одредени активности, се уште не е воспоставено регионално управување со отпад. Со тоа не се создадени основните услови за превенција од создавање отпад и преработка на истиот.

Податоците од надлежните институции, укажуваат дека од вкупно собраниот отпад во РСМ се рециклира помалку од еден отсто. Исто така, не се преземаат иницијативи и активности за повторната употреба на пластичниот отпад. Собраната количина на селектиран пластичен отпад во државата е минимална и претставува околу 1,4 отсто од вкупниот собран отпад во една година. Во најголем дел е резултат на преземени дејства од колективните постапувачи и неформалниот сектор (индивидуални собирачи).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *