• Fri. Nov 22nd, 2024

Разрешен директорот на училиштето каде наставник се сомничи за полов напад врз девојче

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов попладнево потпишал решение за разрешување на директорот во чие училиште наставник е осомничен дека извршил полов напад врз малолетничка.

Ред, дисциплина и одговорност мора да има, секогаш и секаде во општина Струмица.

Како човек и градоначалник сум згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете.

Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените.

Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето.Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители“, вели Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *