• Sat. Nov 23rd, 2024

Разрешен директорот на Музеј, Манински- бара истрага за изградбата на Театарот

Директорот на струмичкиотзавод и музеј Ацо Манински денеска добил известување дека е разрешен од позицијата поради не исполнети работни обврски од Програмата за реализиација дадена од министерството за култура. Тој смета дека ова не е точно, зошто како што вели, програмата во висисна од 80 илјади евра била реализирана 100 проценти и покрај блокираната, сметка. Дополнително Завод и музеј обезбедеил е проекти во висина од 150 илајди евра надвор од програмата.

Зад неговото разрешување, Манински смета дека стојат проблемите со изградбата на театарот за кој смета дека е наметнат. Бидејки, како што вели, инстутуцијата нема ни соодветен кадар, соработници ни инфраструктура за таков обемен и компклексен проект .

Завод и музеј го раскинал договорот со надзорот на изградбата на театарот, дополнително побарал ревизорите да утврдат колку, дали и како е заштитен интересот на државата. Спротивно на тоа, добиле блокирана сметка, која не ги спречила во реализацијата на програмата.

Манински ги повикува истражните органи да влезат во Завод и музеј Струмица, да ја разгледаат целокупната документација и да ја утврдат фактичката состојба. Во мегувреме добиле писмена информација од финансии дека Музеј не се виновни за блокираната сметка која во мегувреме ја одблокирале. Пред правните инстанци водат судска постапка за блокирањето на сметката, а епилогот го чекаат следната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *