• Mon. Nov 25th, 2024

Раздвиженост на граничните премини

Продолжениот викенд утрово ја зголеми раздвиженоста на граничните премини.

На Табановце и Блаце се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е од 20 до 30 минути, информираше Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *