• Sat. Nov 23rd, 2024

Расте побарувачката на зеленчук од струмичко, трговците не можат да ги исполнат договорите

By

Apr 27, 2021

Расте побарувачката на зеленчук од струмичко, трговците не можат да ги исполнат договорите

Расте побарувачката за струмичкиот зеленчук посебно на пролетната зелка а трговците не можат да одговорат на потребите на странските пазари. Откупувачите бараат килограм повеќе за да можат да ги задржат парнерите од странство кои секојдневно се јавуваат за увоз на зелка од земјава. Додека снимавме Витанов мораше да ја одложи испораката од неколку камиони со зелка за два дена кон Шведска.

Витанов смета немањето доволни количини е резултат на намалените површини со зелка во струмичко во однос на изминатите години. Сето тоа предизвикува и зголемени откупни цени што во однос на минатата година е десетпати повеќе. 

Освен за зелка партнери од поранешна Југославија, Украина, Полска, Романија веќе покажуваат интерес и за краставици домати и пиперки од струмичко кои ги нема во доволни количини.

лани земјоделците од струмичко постојано реагираа на немањето пласман на пролетната зелка. Единствено изразија задоволство од пласманот и откупните цени на куротвската капија.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *