Се повеќе граѓани сакаат да добијат вакцина против Ковид-19.
Тоа го покажува веб платформата „vakcinacija.mk“, каде што до сега 400.284 граѓани изразиле желба да бидат имунизирани. Вкупниот број на граѓани кои се вакцинираа во државата е 220.733 лица.
Денеска продолжува имунизацијата на граѓани над 40 годишна возраст, а во тек е имунизацијата на пацинетите на дијализа и со трансплантирани органи. За ден-два треба да започне имунизација на лицата со ретки болести.
Вчера пристигнаа и очекуваните 10.530 дози од вакцината на „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, додека 4680 дози кои ЕУ ни ги обезбедени како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп”, координирана од Австриската влада. Количините на вакцини постојано се дополнуваат, вели министерот за здравство Филипче и апелира граѓаните и натаму да се пријавуваат на веб платформата „vakcinacija.mk“.
Бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19 во државава континуирано опаѓа. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, има 7 нови случаи на Ковид-19 од 1.418 тестирања, сите се Скопје, 71 оздравен пациент, додека 18-мина се починати.
Во вчерашната статистика за починати беа забележани лица кои починале во домашни услови во месец април, од министерството за здравство објаснуваат дека како стигнуваат пријавите до ИЈЗ истите веднаш се стават во извештај и се информира јавноста.
извор:https://kanal5.com.mk/raste-intereresot-za-vakciniranje-dosega-vakcinirani-220-733-gragjani/a476196