• Fri. Nov 22nd, 2024

Расте цената на доматите во Македонија

Цената на доматите на домашниот пазар се покачува а ќе има и недостаток од оваа култура. Вакви се согледувањата на Блажо Витанов кој со децении тргува со зеленчук во земјава и странство. Вели дека последиците од забраната за извоз на домати до Турција се чувствуваат во Македонија но и во регионот.

Доматите во струмичко се појавуваат кон крајот на април, што значи дека има уште најмалку еден месец до домашното прозиводство.

Цената на килограм домати на пазарот на големо се движи од 130 до 150 денари.