• Fri. Nov 22nd, 2024

Расте бројот на криумчарење на мигранти во Југоистокот

ByВане Трајков

Aug 31, 2022

Речиси секојдневно во полициските билтени има информација дека се откриени мигранти или фатени криумчари . Последниот случај беше на местото викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки. Таму  во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија. Подоцна, при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица.

Октирени мигранти имаше и во гевгелиско во последните десет дена каде на регионалниот пат од Мрзенци до Прдејци беа откриени четири лица од Сирија во возило до патничко моторно возило Форд Мондео чиј возач избегал од местото на настанот

МВР соопшти дека засилени се контролите во Југоистокот кој се смета за подрачје каде најмногу  е погоден за транспорт на мигранти или пак за самоиницијативно преминување на македонско грчката граница за да по црни патишта се упатат кон западноевропските земји. Полицијата соопшти дека за првите седум месеци откриени се 53 случаи на криумчарење во овој дел на државата

Според статистиката на МВР ова е двојно повеќе за привте седум месеци од минатата година. Паралелно растат и бројот на кривичните дела криумчарење. Регистрирани се 41 кривично дело а фатени се 62 лица кои се обиделе на илегален начин да направат транспорт преку макеоднска територија меѓу кои има и странски државјани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *