• Sat. Nov 23rd, 2024

Расте бројот на хоспитализирани и на реинфекции

Согласно анализите на Институтот за јавно здравје во период од една седмица за 51 отсто е зголемен бројот на позитивни на Ковид19 од тестираните. Расте и бројот на оние кои се заразиле иако претходно го имале прележано вирусот.

„Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела“, наведуваат од Министерството за здравство.

Според анализите направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика во периодот од 05-10.01.2022 на вкупно 152 позитивни примероци кај 104 од нив односно 68 отсто е детектирана Омикрон сојот. Според извештаите од болниците, наведуваат од министерството, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 отсто повеќе во споредба со претходна недела.

„Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат“, соопштуваат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *