Расте бројот на корона вирус во Македонија, мерките засега остануваат исти
Лекарската комора апелира до Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи. Од таму велат дека капацитетите на болниците се речиси исполнети, а намалениот број на здравствени работници влијае на квалитетот на здравствената нега што ја добиваат пациентите.