Растат каматите на кредитите за граѓаните и фирмите. Откако за нови 0,25 проценти скокна каматната стапка, по априлското и мајското зголемување таа сега е на ниво од 1,75 проценти. По двоцифрената инфлација, што во април достигна годишна стапка од 10,5 проценти, Централната банка ја стега монетарната политика.
„При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања“, велат од Народна банка.