• Fri. Nov 22nd, 2024

Растат цените на кириите во Струмица-најниската 150 евра

Енормно пораснаа цените на кириите во Струмица. Невозможно е да се најде стан по цена пониска од 10.000 денари за еден месец. Дури и најлошите сместувања во кои условите за живот се на работ на пристојноста се недостапни за граѓаните кои имаат потреба од сместување под кирија.

Од агенциите за недвижности велат дека иако цените вртоглавно се зголемија, во градот тешко се наоѓа стан под кирија. Пристојно сместување чини помеѓу 200 и 300 евра за еден месец. Особено актуелни во последно време се и издавањата на апартмани на пократок рок, за неколку вечери.

Цената за ноќевање во приватно сместување, најчесто стан, се чини од 40 до 60 евра за ноќ за помал стан, а поголемите достигнуваат цена и до 100 евра.

Следствено на издавањето, порасна и продажната ценља на становите. Ако до пред три години цената на новоизградените станови се движеше од 550 до 650 евра за метар квадратен, сега најниската цена на новите станови почнува од 800 евра за метар квадратен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *