Седми октомври беше значаен ден за струмичкиот рапер познат по уметничкото име Драги Кискин. Човекот којшто 18 години верно ја развива, следи, креира струмичката хип хоп сцена вели дека е пресреќен што му се остварила дамнешната желба да настапи пред струмичката публика на театарската сцена.
Во интервју за канал ВИС тој раскажува која е пораката на последниот албум, што го мотивира да создава музика и како успева да ја пласира меѓу младата публика. Во следниот линк слушнете дел од имресиите на Кискин по струмичката концертна промоција.