Денеска, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот, во рамките на „Гевгелиско културно лето“ гевгеличани ќе имаат можност да го проследат заедничкиот Концерт на Oлд Скул Портеро, Децата на старата школа (Узи и ТриМ) и Огнен Бокс-Битер, со изведба на сопствени рап-песни.
-Се работи за млади и талентирани артисти во областа на рап-музиката, низ која ги претставуваат реалните слики во општеството. Имено, под Олд Скул Портеро се крие Илија Дуев, кој потекнува од гевгелиското семејство Дуеви, а живее и твори во Скопје. Неговите почетоци и првата официјална песна снимена во студио се во 2020 година, има снимен прв соло- албум, а веќе го подготвува и вториот албум. Инспирацијата за песните Илија ја црпи од книги, интернет и секојдневниот живот, се вели во информацијата од Општина Гевгелија.