• Fri. Nov 22nd, 2024

Раководители во „Комуналец“ Гевгелија не наплаќале долгови и намерно дозволиле да застарат

Oдделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против три лица од овој град – У.В. (61), П.Б. (48) и М.П. (53), поради сомнение дека во периодот од 2014 до 2017 година, како вработени во Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гевгелија сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Првоосомничената У.В, која во наведениот период била директор на јавното претпријатие, пропуштајќи да бидат наплатени долгови за извршени услуги од претпријатието. Долговите биле направени од страна на физички и правни лица од општина Гевгелија, село Стојаково и село Селемлија. Според кривичната пријава директорката сторила повреда на повеќе одредби од законски и подзаконски акти и договори.

П.Б. во споменатиот период бил раководител на Сектор за комерција и односи со корисници при јавното претпријатие. Не изготвувал месечни извештаи за тоа кои корисници на услуги да бидат предупредени или тужени. Исто така не ги предавал на првоосомничената како директор, заради носење  конечна одлука.

Во периодот до 16 мај 2016 година П.Б. не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред тие да застарат. Поради што било пропуштено да биде наплатен долгот.

М.П. во својство на службено лице, раководителка на Сектор за општи и правни работи и човечки ресурси, во периодот од 17 мај 2016 до 31 декември 2017 година не водела сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени. Преку судска или друга соодветна постапка пред да застарат, а дополнително, во содејство со П.К., ја злоупотребиле својата службена должност. Така што по претходно дадена согласност од првоосомничената, селективно одлучувале кои физички и правни лица да бидат опоменати и тужени, при што пропуштиле да спроведат постапка за присилна наплата на долг од корисници.

Со овие дејства осомничените, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овлстување, причиниле вкупна материјална штета во висина од 6.114.969 денари. Штетата е на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Гевгелија, како и друга дополнителна материјална штета на претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *