• Fri. Nov 22nd, 2024

Радовишанец загина по пад од трактор

Седумдесет и тригодишниот К.Л. од село Штурово, радовишко, вчера управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка на земјен шумски пат во атарот на радовишкото село Козбунар, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт е констатирана од лекар од здравствениот дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди е пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.