• Fri. Nov 22nd, 2024

Путин ја негира Буча

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сликите од мртвите тела расфрлани низ украинскиот град Буча се лажни, пренесе агенцијата ТАСС.

Тој исто така кажал дека тоа што се случува во Украина е трагедија, но дека Русија нема друг избор освен да започне „специјална воена операција“, пренесоа руските новински агенции, пренесува Ројтерс.

Додал дека Москва ќе се спротивстави на обидите за изолирање на Русија и Белорусија и ја истакнла потребата од продлабочување на интеграцијата меѓу земјите во светло на западните санкции, пренесува Ројтерс.

Путин ова го изјавил по разговорите со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *