Пуштено во функција новото игралиште на вештачка трева во Струмица
Фудбалското игралиште вредно околу 280 илјади евра е изградено со договор на општина Струмица, ФФМ и ФК Академија Пандев. Истото ќе можат да го користат фудбалерите од сите клубови во Струмица како за тренинзи така и за одигрување на официјални натпревари во младински конкуренциии. Како што соопшти градоначалникот на Струмица Коста Јаневски игралиштето ја збогатува спортската инфраструктура во општината, но се работи и на изградба на патна инфраструктура во овој комплекс.