• Fri. Nov 22nd, 2024

Првото тромесечје од школската година помина без учебници-МОН ветува дека ќе стигнат следната недела

Првото тромесечје од школската година помина без учебници-МОН ветува дека ќе стигнат следната недела. Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната недела ќе испечатат и ќе испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и за петто одделение.

Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки по наставни предмети во прво, второ, четврто и во петто одделение, и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и на босански јазик.

Потсетуваме дека нивната изработка следуваше по креирањето нови наставни програми за овие одделенија во согласност со планот за етапна реформа на основното образование. Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали што ја обработуваат материјата за првото тримесечје за да може да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршувањето на часовите.

МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно-образовен процес“, соопштија од МОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *