• Fri. Nov 22nd, 2024

Прва жртва на британскиот сој во Македонија

Прва жртва на британскиот сој. Потврден е првиот смртен случај на пациент позитивен на британскиот сој на Ковид-19.

Според сознанија на Дојче веле станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена. 

Да потсетиме, по информацијата за прва жртва на британскиот сој во Македонија. Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел. Но, во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус. Особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во многу други земји во светот. 

Првата мутација на британскиот сој


Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји. Голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници поради опасноста од овој сој. 
Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања. Rегистрирани се 302 нови случаја на Ковид-19 во земјата. Во изминатото деноноќие регистрирани се 444 оздравени пациенти. Починале 10 лица. Во болниците се лекуваат 599 пациенти со Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515.

Британскиот сој на ковид-19 во Македонија ќе стане доминантен, предвидуваат експертите. Откако беше откриен првиот случај, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно ќе стане доминантен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *