Прва виолина на Холандскиот балетски оркестар ги забавува струмичани На двегодишнината од постоењето на Депо Џез бар се појави струмичанецот со светска музичка кариера, Роберт Цеков. Тој настапи со музичарите во клубот и создаде атмосфера која долго ќе свири во спомените на присутните. Од 1990 година, Роберт работи како првa виолина во холандскиот балетски оркестар Амстердам. Редовно настапува како солист со Оркестарот на македонската филхармонија и свири камерна музика со различни ансамбли.