Гевгелискиот Црвен крст ја организираше првата крводарителска акција за 2023 година. Акцијата се одржа под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“.
На крводарителската акција, организирана од ОО Црвен крст- Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, беа собрани 28 единици крв. Организаторот упати благодарност до дарувачите, но и апел до граѓаните за масовна поддршка на акциите дарувајќи ја својата крв, така што ќе придонесат годинава Гевгелија повторно да биде на листата на најхумани градови со најголем број крводарувања.