• Sat. Nov 23rd, 2024

Прв состанок на координативното тело на градоначалниците под Град Скопје

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на побрза реакција на барањата на граѓаните и акција за чистењето на депониите беа темите на кои разговараа десетте градоначалници на скопските општини со градоначалничката на град Скопје.

„Денеска, првпат по долг период, заседаваше координативното тело на градоначалниците под Град Скопје, што изминатиот период беше изоставено како пракса од страна на претходниот градоначалник. Координативното тело ќе се свикува во согласност со законот најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќепати, со главна цел изнаоѓање конкретни решенија за проблемите што граѓаните ги сметаат за приоритетни“, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

До следната седница ќе се изготви и акциски план со конкретни рокови и ќе се почне со нивна реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Во меѓувреме, ќе се направи план за отворање расправа за Генералниот урбанистички план и ставање на функција на зелениот совет на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *